Драги форумџии, многумина ми се јавија во врска со 20-минутниот прилог, што во мојата емисија на 24-ти Јуни го презентирав.
Бидејки имаше многу податоци, многу рејтинг агенции и многу имиња, должен сум да го поставам текстот што го користев (читав) во прилогот.
Тој прилог, секако можете и видео да го видите, кога Админовци ке ја постават емисијата.
Значи еве го текстот:
Од изборите минаа 20 дена. Доволно време да се олдат главите, да се проверат резултатите, да се сврти по некој телефон за честитање, или пак за сеир терање.
Околу телефонскиве и смс јавувања.
Пред две емисии ви ги прочитав пораките што ги имав пратено до оние што сметав дека треба да добијат по уши, ама никој, сем Нано Ружин не се одважи да одговори.
СМС пораки пратив до::
Васко Ефтов, Чадиковски, Биљана Секуловска, Гордан Георигиев, Жерновски, Манасиевски, Вуиќ, Стевче Јакимовски, Шекеринска...........
............
Од телефонските јавувања, оние што беа предизборно најавувани низ разни емисии, не се остварија најмалку две. Знаете за оние обечања, ај ќе видиме по изборите, ќе се чуеме. Тоагаш ќе збориме. Губитниците во кладбите не се јавија. Колку смешно?
Прво, мене Владе Милчин не ми се јави по поразот на неговит СДСМ. Така вети кај мене во емисија. Ама не се јави. Владе Милчин се соочи со суровата реалност дека 5-те милиони евра годишно што СОРОС преку него ги троши на новинари уредници и медиуми во Македонија, не се доволни за да се надвиси вербата на народот во неколку слободњаци како мене, Мирка, Латас, Дарко или Јанко. Жалам, џабе Владе и Џорџ трошат пари, џабе. Народот не им верува на нивните новинари и експерти - лажњаци.
Ама Владе Милчин не ми се јави ниту да ми даде примери на сиромашни и гладни од Македонија што немаат работа. Јас се понудив на секој таков веднаш да му обезбедам работа. Нормално, доколку сака да работи. Милчин рече дека имало многу такви и сека ќе ми ги понудел, ама ништо. И за тоа лажеше при гостувањето во мојата емисија.
Второ јавување, немаше од Васко Ефтов – Хефталица до Владимир Божиновски – Влајко. Васко го напдна овој аналитичар на 10 дена пред избори и му ја оспоруваше стручноста. Му вети дека веднаш по изборите ќе се јави, и ќе правел нова емисија. Ништо. Влајко ги погоди изборните резултати, Васко по стоти пат промаши. Порака до Влајко. Ја, за прогноза од 2008-ма каде погодив, а Хефталица промаши, сеуште немам добиено кафе. Тоа беше кладбата. Едно кафе. 50 денари. Не чекај јавување од кукавица.
.................
Овие избори покажаа дека политичарите што гостуваа на А1 телевизија, а и оние што одеа на АЛФА, загубија. Бранко и СДСМ, заедно со Рада, Тито, Ивон и Фијат загубија. Жалам, на погрешен медиум се представуваа.
Да појаснам, оние што гостуваа кај Латас и кај Јанко, а и кај мене, на овие избори, а и на неколку минати освоија сигурни победи.
Еве, во Миленко Неделковски Шоу на пример: 2009-та гостуваа Ѓорге Иванов, Коце Трајановски, Горан Петров и си станаа кој градоначаници а кој Председател на државата. Симпл ес дет. Предходната 2008-ма таков беше случајот со Никола Груевски, Зоран Ставревски или Гордана Јанкуловска.
Годинава, повторно Никола Груевски, Гордана јанкуловска, Миле Јанакиевски, Владимир Пешевски, Љупчо Димовски. И, оп, победа на изборите.
Гостувај во Бурек, кај Латас, во моето шоу, и еве ти изборен успех.
Гостувај кај лузери како Чадиковски, Борјан, Биљана што сакаат да ја викаат со друг идентитет Ива, Сашо Ордановски, Ефтов, Поповски – и, оп, пораз.
Работите се навистина прости.
И да се разбереме, не се работи за тоа колку се добри Латас, Миленко или Јанко, не се работи за тоа колку се добри Грујо, Коце Кртица, Хорхе... Не, не... Се работи за тоа што сите овие луѓе имаат една особина. Мислат и говорат како што тоа го говори и мисли народот. Тие се дел од народот и од потребите на тој народ.
Спротивно, губитниците, и меѓу политичарите и меѓу новинарите, се одродени од овој народ. Се непријатели на народот, предавници на нацијата.....
..............
Овие избори донесо нов квалитет и стратегија во СДСМ. Изненадувачко нови позиции и ставови дојдоа од Бихачка. Тие се спремни да го менуваат идентитетот и името, па зошто не би си го смениле и ставота, а?
Пред изборите дознавме дека и тие евентуалното решение за името ќе го ставеле на референдум пред народот. Прашање е зошто 5 години не тупеа дека тоа не било правилно. Фрчко не испомоча со теориите дека овие дечки не знаеле, а требало храбар политичар кој ќе преземал одговорност. Мисли, како тоја кога безуспешно му носеше грчки милиончиња на Глигоров во акт ташна. И, еве сега, врмовско решение во сдсм. Па што не давевте, бе брат, 5 години, кога сега го копирате вмро.
По изборите, од СДСМ разбравме дека Бранко сака да е силен опозиционер. Па нели ќе победеше? Ќе ја сменеше оваа ненародна власт? Оваа забегана власт? А? Изгледа народот ич не мисли како него.
Бранко откако влезе во пензија почна да ги менува своите политички амбиции. Од државник, од природно право да владее, сега се сведува на силен опозиционер. Опозиционер кој смета дека народот згрешил што не му дал доверба.
Го пргласувам Бранко за Пензионер на годината.
.............
Овие избори, фала му на бога, закопаа еден куп истрошени, непотребни и штетни самонаречени политичари. Уште пред самите избори беше јасно дека политички покојник е богаташот Трифун Костовски. Заедно со син му Коки никаде ги нема повеќе од една година. Се кријат заради немоќ, срам, неспособност. Лесно беше да се стане милионаер со наши пари, пари од Вардар-Технометал. Сега веќе е поинаку. Бара сопствена способност. А, Трифун и Коки тоа нешто го немаат. Трифун ќе го оправаше Вардар, ќе стануваше Премиер, па ќе стануваше Председател на државата, па... И, ќе остане запаметен како најнеуспешен градоначелник на Скопје на сите времиња и најтапа Председател на ФК Вардар во историјата.
Изборите ги погребаа амбициите на уште еден богаташ Ристо Гуштеров, народот не ги препознава како блиски ниту него ниту Трифун. Политичките амбиции политички ги погребаа Поштарчето Стојанче, слаткарот Љубе, бугарот Љубчо и анонимниот Додовски. Ах, да, и витезоти плачко темплар на велосипед Филип.
Народот на овие избори ги избриша шупачката Најчевска, кустосот Манасиевски, надуениот Жерновски, умислениот Пенов, камелеонот Боцевски и натовецот Ружин. На сите им го покажа Излезот. Има излез, баш така. Ај, вонка.
..........
Да заклучам. Сите оние што го лажеа народот со измислени ветувања, турски серии, индиски плачипички, или загубија до мерка да ги нема никаде, или си останаа опозиција.
Кога сум кај лажењето, колку што сушеа политичарите, уште повеќе тоа го правеа рејтинг агенциите. Тие бате, или што би рекол Бранко, тие брат, за паричка можат да ти предвидат било каков резултат што го посакуваш. Дури и штедат. За телефонските анкети не вртат телефони, не трошат импулси. Резултатите си ги пишуваат по наредба на газдите. Или, вежи коња где ти газда каже.
................
Крајните и официјални резултати од изборите, на површината ги исфрлија манипулатрите, лажговците, блеферите, платениците и предавниците. Како во герис, каде изметот плива на површината, така овие наши одродени сонародници испливаа на површината. Пред се заради бројките кои ги кажуваа, предпоставките во кои не убедуваа, анализите за кои велеа дека биле професионални...
Еве ви ги најголемите предизброни лажговци и манипулатори.
Васко Ефтов слободно може да ја земе титулата Манипулатор на годината.
На 10 дена пред изборите заклучува, во своја емисија каде гостува уште еден промашен тип како него, Пеџа Арсовски, ќе се согласат дека “за 10 дена, на изборите, СДСМ ќе победи со 4-5 пратеника разлика“?! Овакво промашување Васко Ефтов имаше и во нашата телефонска кладба во 2008-ма кога јас ги погодив 60-те и плус пратеници на ВМРО, а тој ги промаши 50-те и минус пратеници на ВМРО. За оваа кладба, Васко Ефтов сеуште ми должи едно еспресо.
Дека Васко Ефтов, и неговата емисија “Во Центар“, постојано во предизборието се обидуваше да манипулира со народот, да лажира бројки, да агитира за СДСМ како победник, кажува и континуитетот на гости – лузери, што постојано во неговата емисија повторуваа прогнози што би оделе во корист на на СДСМ и Бранко Црвенковски.
Така на пример, еден тип што превртува со очињата и трепка зачестено, а се вика Дане Талески, еве што изјавува кај Хефталица:
“Разликата ќе биде мала и тесна и ќе биде во корист на СДСМ“. Дане Талески, браво... Го нема да се јави да се поплука себе си заради грозно лошата проценка.
Минаа изборите, нервозново типче, никако да се појави и да и се извини на македонската јавност, односно да соопшти дека е тапа аналитичар. Вртењето очиња, и зачестеното жмиркање го препорачуваат за сериозен психијатарски преглед. А, не за политички аналитичар.
Една од агенциите што тотално се изрезили, секако е скопската “Прогрес“. Минаа изборите, никако да се појават во јавност, да кажат зошто и како промашиле. На пример, во истражувањата од 26-ми до 28-ми мај, значи недела дена пред изборите, Прогрес поставува прашање до испитаниците: Доколку изборите се одржат утре, за која политичка партија би гласале? Одговорот, според стручњациве од прогрес е: за СДСМ 22,9 – значи 23% за СДСМ, а 19.6 насто за ВМРО Многу јако промашија. Односно, си направиле анкета по желбите на Бранко Црвенковски и Радмила Шекеринска. Уште еден податок од таа анкета е дека Обединети на Љубе ќе освоеле 2,9% од гласовите, ама Народна на Љубчо замо 1,6%. Љубчо осови убедливо повеќе гласови од Љубе, а ВМРО дури 14 пратеника повеќе од СДСМ.
Ама, за работите да ви се појасни, еве ви ја вистината. Институтот прогрес формиран е од двекратниот лузер на избори Радмила Шекеринска, портпаролот - лажго Емилијан Станковиќ и Каролина Ристова Астеруд. Прв човек на Прогрес во овој момент е Тања Томиќ, актуелен председател на локален клуб на СДСМ во Општина Кисела Вода.
Да нема недоразбирање во врска со овие манипулатори и лажговци од СДСМ, односно од агенцијава Прогрес. Тие и меѓу 20-ти и 22-ри мај имале истражување со истото прашање. Тогаш, според нив, 22,3 насто од граѓаните кажале дека на следните избори ќе победи СДСМ, а 19,8 се решиле за ВМРО.
Па, како не им е срам, после ова лажење, корнење, да се појават во јавност, меѓу своите пријатели, роднини, комшии...???
Исто така, дебело се обидоа да ја лажат јавноста и од институтот ИФИМЕС од Љубљана. Тука, на македоснки терен лажирањето на граѓанската воља ја спроведуваа таткото и синот Чомовски – Горазд и Александар.
Па така, А1 пред нова година објавува истражување на Словенциве, односно на овој Институт со бомбастично име Меѓународен институт за блискоисточни и балкаснки студии, каде се вели дека ВМРО и СДСМ да ти биле рамо до рамо во рејтинзите, односно ВМРО имал само мала разлика од 3%.
Младиот и неталентиран Чомовски, на 31-ви мај, на 5 дена пред избори, излегува со прилог каде ја дава констатацијата на ИФИМЕС дека новата влада ќе ја формира СДСМ со неколку албански парии, а во не а нема да има место за ВМРО.
Браво бе Горазд, син на татко Алекасандар. Колку ли во скут треба да биде седнат СДСМ за да прави коалиција со три албански партии. Колку ли во скут сте вие седнати?
Уште една смешна фигура се појави во предизборието, во обид да се излаже македонската јавност, а се во корист на Бранко Црвенковски и СДСМ.
Овој пат, фолирањето и манипулирањето дојде од академските кругови.
Професорката Емилија Симовска, од Државниот институт за социолошки и правни истражувања, пазете ееејјјј, од Државниот Институт, прогнозира дека разликата меѓу СДСМ и ВМРО е намалена, и дека во егзактни бројки оваа разлика би била само 4 пратеника. Еве ја нејзината изјава за Алфа Телевизија:
И, еве минаа три недели откако народот и покажа на професорката Симовска колку е во право и колку и вреди академската титула, ама таа никако да се појави на Алфа и да каже: Прости мој народе, згрешив. Ве манипулирав и лажев во корист на СДСМ.
Ама ништо. Разбирам што таква доблест нема Ефтов, нема Емилијан, немаат во фамилијата Чомовски, ама барем ја очекував од професоркава. Ама ете, џабе очекувања. Се работи за иста матрица. Комуњарска.
Уште една фамилија, сем Чомовци, се испокрши да го прелаже народот со измислени анкети за евентуалните изборни резултати, ама безуспешно.
Фамилја Спасови, таткото Ѓорги и синот Никола.
Да потсетам, Ѓорги Спасов, еден од најекспонираните членови од интелектуалното крило на СДСМ и поранешен амбасадор. Лани заедно со Нано Ружин, Никола Поповски, Сашо Насев, Радмила Шекеринска, а богами таму многу активен беше и бугаринот Љубчо Георгиевски го формираа тинк тенкот Демос. Тинк тенк, еј, ви се верува ли? Тинк тенк на плитички манипулатори и лузери. Се мој до мојега.
Тој тинк тенк како громогласно ја започна својата агенда, ама од сцената си замина тихо, под тепих, посрамено, лигушки. Или, како што би рекол Нано Ружин, на моето прашање Каде е Демос? Засега е во мирување, вели ружин кај мене во емисија, немаме доволно пари и идеи!?!?!?!
Браво, браво, значи за пари било, нели? А, идеи и така оваа групировка никогаш немала. Барем не идеи во интерес на народот и државата.
Е, значи овој Ѓорги и неговиот син Никола Спасов си имаат своја рејтинг агенција која се вика Рејтинг. Баш духовито име.
Таа рејтинг агенција успева пред изборите да изработи рејтинзи на јавното мислење за за два македонски весници: Нова Македонија, која никако да го дигне тиражот од 2-3 иљадарки нагоре, и за Дневник кој одамна во рамките на ВАц ја загуби битката со Вест.
Па така, во истражувањата рејтинг тврди дека на следните избори ВМРО ќе освои 375.000 гласа. Пази бога ти, а? ВМРО освои 440.000, односно 70.000 повеќе од што фамилијата Спасови посакуваше. ИЛи, 20-тина% повеќе.
Демоската фамилија спасови предвиде дека Обединети на Љубе ќе освоела 35.000 гласа. Сестрата Љубе освои 17.000, односно двојно помалку од што стручњациве предвидоа. Двојно помалку од што Спасови и нивниот папа си посакуваа. Да видиме и за Љубчо од Благоевград. Рејтинг на Спасови предвидек 49.000 глассови, а благонадежниот блгарин имаше само 28.000 гласови. Пак промашување скоро за дупло.
Предлагам Жоро и Рашо да си ги бараат парите платени за истражувања назад. Јас, пиејки кафе во Имиџ на Ленинова, многу попрецизно ќе им пресметав. А, и немаше пари да ги чини.
Ова уште повеќе што Спасови, го распослале и своето предвидување на можни пратенички места според Донтовиот модел. Па така, ВМРО според нив требаше да има 48 пратеника. Значи, 8 помалку од сега. Уште поважно за антимакедонските желби на Спасови, односно планови на Бранко Црвенковски и Владимир Милчин, Рејтинг предвидел дека Љубе би имал 3, а Љубчо 4 пратеник. Односно, за да створат хаос во парламентот, двајцата измеќари на Велија би имале 7 пратеника. А Либералите на кустосот на споменикот на Павер елементите на Пенов, г-дин Манасиевски, требаше да има 2 пратеника.
Па , бидејки пред бројките и боговите молчат, да заклучам. Љубчо има нула пратеници. Љубе има нула пратеници. Кустосот Манасиевски има нула пратеници. Никола има 56 пратеника.
Рејтинг агенцијата на Никола и Ѓорги Спасов има етикета на лажговци и политички манипулатори.
И, нив, како и предходните манипулатори што ги набројав, не ги видов нешто да излезат во јавност и да се извинат на македонската јавност.
Тинк тенк, а? Без пари, ама и без идеи.
Убаво вели предизборниот слоган на Либерал демократите: Има излез. Има, него што. Ај надвор, или што би рекле струмичанто, ај вонка, и очи да не ви видиме.
Вонка и за манипулаторите од дома и за платениците од странство. Платеници од системот на Надеж на Бранко Црвенковски, како што е словенечата агенција Либерта.
Таа, пазете ваму, предвиде дека на изборите ВМРО ќе освоел 42 пратеника а СДСМ 40. Значи, небити два разлика би била меѓу ВМРО и желбата на Бранко Црвенковски преточена во аферата Надеж платена со пари од мекдонскиот граганин. Надеж, нарачан и потпишан од новата парламентарка Наташа Савова.
Македонија, пред 20 дена положи еден голем испит на полнолетсво. Направи демократски и мирни избори од една страна, и им кажа вонка на манипулаторите и лажговците.
Во Македонија избори ќе има и понатака, локанлни, председателски, парламентарни..., ке има референдуми, гласања...
Овој прилог ќе го чувам и повторувам. Ќе ги потсетувам луѓето. Нема да можат манипулаторите да играат на кратка меморија и христијанска благост на овој народт.
Вонка, за лажговците, вонка. Еднаш за секогаш. |